Разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски утре на дневен ред во Собранието. Ова го потврди и претседателот на парламентот, Талат Џафери.
Претходно советот на јавни обвинители го прифати предлогот и даде позитивно мислење за разрешување на Зврлевски.
Инаку, и самиот јавен обвинител има право да присуствува на седницата и да ги каже своите арументи. Но, тој не беше достапен да каже дали ќе дојде на утрешната седница. Од ВМРО-ДПМНЕ не сооптуваат како ќе настапат утре, но велат дека се работи за политичко разрешување. Прелогот на владата за разрешување ќе го брани заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.