Врховниот судија Стојанче Рибарев е разрешен од функцијата, пренесе САКАМДАКАЖАМ.МК.
Според СДК тој е разрешен поради злоупотреби во електронскиот систем за самостојна распределба на судски предмети, и поради местење на предмети за висока корупција против поранешни високи функционери.
Рибарев направи интервенција по која поранешниот премиер Никола Груевски беше оставен да се брани од слобода. Потоа осуден во случајот „Тенк“, Груевски штотуку требаше да влезе во затвор, избега во Унгарија.
