-Пред изборите, ги анализиравме резултатите на коалиции. Тогаш СДСМ беше во коалиција заедно со БЕСА. Сега, на оваа анкета БЕСА е одвоена и има 2,4% рејтинг. Кога тие проценти би ги додале на рејтингот на СДСМ, тогаш разликата е поголемa од таа што беше на изборите, рече главниот и одговорен уредник на телевизија Телма, Атанас Кировски во вечерашната Топ тема на која се анализизаше најновата анкета направена од Телма и МЦМС а спроведена од М-проспект.
На прашањето доколку утре се одржат избори, 18,6% од граѓаните се изјасниле дека би гласале за СДСМ. За БЕСА која беше дел од коалиција со СДСМ, 2,4%, додека за опозициската ВМРО-ДПМНЕ 18,1%. Од останатите партии, ДУИ има рејтинг од 6,7%, Левица има поддршка од 6,2%, Алијанса за Албанците 4,6%.
Анкетата е направена во период од 16 до 24 декември на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, по пат на телефонско јавување.