На денешното судско рочиште за случајот „Монструм“се испитуваа двајца сведоци, кои беа сослушувани и во претходната постапка. Првиот сведок рече дека на денот на петкратното убиство, на 12 април 2012 година, работел на нива блиску до Смилковското езеро. Рече дека садел лубеници до 20 часот, но дотогаш не видел ништо сомнително. На прашањето на судијата Огнен Ставрев – дали тој ден имало некои момчиња кои дошле на риболов, тој одговори дека не видел ништо такво.
-Иако понекогаш доаѓаат, тој ден немаше млади дојдени на риболов-рече сведокот.
Адвокатот Насер Рауфи, рече дека овој исказ го става под знак прашалник фактот – дали момчињата всушност биле убиени таму.
-Според мене, оваа изјава го става под знак прашалник и тоа дали момчињата се убиени таму. Сведокот рече дека бил на местото на настанот неколку минути пред убиството, нешто што е уште поинтересно-вели Рауфи.