Расте бројот на затруени од популарната скопска “Сендвичара 7”

Вкупно 25 лица до сега се јавиле на Инфективна клиника со болки во стомакот и висока температура откако пробале од сендвичите во „Седмица“ во Лептокарија во Скопје.

Сендвичарницата е затворена, а санитарната инспекцијата наредила и темелно чистење на просторот, опремата и работните површини, дезинфекција, дезинсекција, дератизација и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, брисеви од работната површина каде се подготвувале седндвичите, бактереолошки примерок од рацете на вработената која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на тројца други вработени… Резултатите од микробиолошките анализи ќе бидат готови во понеделник, кога ќе се знаат вистинските причини за труењето со храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e