Додека македонскиот народ работел за минималец, фирмата Атриум, сопственост на братот на Крсте Мукоски, само за работна рака за промена на скршено столче на градски стадион (2 или 4 штрафа) добивала по 1400 денари. Ова е само наговестување на големиот скандал за кој деновиве ќе се објават точни бројки, пишува генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски на својот ФБ профил.