Рашковски: Антикорупциска дала позитивно мислење за противуставен менаџерски договор

Антикорупциска (онаа моралната) дава позитивно мислење на противуставниот менаџерски договор на поранешниот директор на ПУИК – Цветко Грозданов. Имено, во својот менаџерски договор, Цветко внел одредба дека откако ќе биде разрешен, ПУИК мора да го вработи на неопределено време. Ова е дирекно кршење на Уставот на РМ со кој се гарантира еднаков пристап до вработување на секој граѓанин. Спротивно на моралните принципи. Спротивно на своето постоење. Иако платата на Цветко согласно менаџерскиот договор била околу 95.000 денари, напиша на Фејсбук генералниот секретар на владата, Драги Рашковски и го објави споменатиот документ, односно мислењето од Државната комисија за спречување на корупцијата.

21432885_10155181877439633_4492767556971426512_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e