Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ е една од најкоментираните фигури во политичкиот живот во Северма Македонија.е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, бидејќи од почитувана партиска функционерка, лидерка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, падна во немилост на сегашното раководство на опозициската партија.
Често е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, бидејќи од почитувана партиска функционерка, лидерка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, падна во немилост на сегашното раководство на опозициската партија.
Рангелова зборува за заложбите за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата, како и за актуелните теми поврзани со изборните реформи и активностите на ВМРО-ДПМНЕ, за Иницијативата за исполнување на квотата од 50% жени во парламентарниот дом.
За новиот тим на лидерот Мицкоски, кој беше промовиран во текот на неделата, таа вели дека се чуствува отсуство на жените и дека е многу „разочарувачки“.
– Добро е што се вклучени нови луѓе. Јас кога сум водела структура, сум сакала таа да се шири. Лошо е кога си затоврен во еден круг и работите само со определни луѓе. Или се плашите од конкуренција. Отворена партија е добра партија. Честитки за тимот. Него го бира лидерот и раковотството и си одговара за тимот. Јас кога му викам така, тој се лути дека се заканувам, но тоа е само порака. Нормално и јас за ова интервју преземам цела одговорност и стојам зад моите кажани зборови. Ако го прави тимот, треба да одговара за него. Имам забелешка за тимот. Прво во него се вклучени само 2 жени., од вкупно 16 во тимот. Крајно разочарувачки. И нема ниту еден советник за родови прашања, отсуствуваат прашања за родови политики, нема за земјоделие, во контекст на жените во руралните средини, отсутвуа родовата политика во ВМРО-ДПМНЕ. Ако ова е некоја Влада во сенка, исто, многу разочарувачки. Се чувствува отсуството на жените.
Целото интервју погледнете го на Цивил.мк.