Рамадани: Како земја членка на НАТО многу полесно доаѓаме до тоа што ни е потребно

Во гостувањето во „Само Вистина“, Исмет Рамадани претседател на евро-атланскиот совет на С. Македонија истакна дека генералниот секретар Јенс Столтенберг станува наш пријател и ние како членка многу полесно доаѓаме до тоа што ни е потреба во овој случај и за оваа епидемија.

-Загрижувачки се бројките, алармантна е ситуацијата по се изгледа доаѓа тој бран што се очекуваше, веројатно ќе имаме тешка зима со ковид-19. Што се однесува до менаџирање, мислам дека експертите се тие кои донесуваат одлуки како да ги почитуваме тие мерки, на сите им е јасно дека тие работи се најважни. Апел до младите пред нив е животот да внимаваат и да мислат на својата иднина и да не се истрчуваат со тие нивни забави, и да го пренесуваат вирусот кај нивните родители. Има граѓани кои не ги почитуваат мерките, но има и такви што се уште не веруваат дека постои вирусот.

Што се однесува до помошта која НАТО денес ни ја врачи, генералниот секретар Столтенберг станува наш пријател, во исто време со денешната средба со премиерот покажа дека може да ги мобилизира сите тие НАТО структури за помош на апаратури за здравствената криза. Тоа значи дека ние како членка на НАТО, многу полесно доаѓаме до тоа што ни е потреба во овој случај и за оваа епидемија, рече Рамадани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e