Првиот македонски саем “Вкуси ја традицијата” одлична можност за произведувачите подобро да се запознаат со потрошувачите

Наместо да ги продаваат јаболката по ниски цени, овоштарите почнаа да прават природен сок, грозјето за кое се уценети да го даваат по ниска цена го преработуваат по традицинални рецепти во здрав маџун. Новите времиња за земјоделците донесоа многу предизвици кон кои мора де се адаптираат а тоа е како ова нивно производство да се продаде и како да дојдат до потрошувачите. Денешната манифестација вкусот на традицијата е само еден од начините за комуникација со потрочувачите а се повеќе земјоделци почнуваат да ги користат и современите начини за контакт со потрошувачите преку социјалните мрежи.

Здруженијата сметаат дека со носењето на законите за слободна продажба од куќен праг секој кој ќе ги исполни минималните хигиенско технички услови многу лесно има свој готов производ со додадена вредност за кој му претстои најтешкиот пат а тоа како да стаса до потрошувачот.

Традиционалните рецепти на здрава храна и производи од руралните средини секојдневно почнуваат да се нудат преку социјалните мрежи до крајните купувачи а ваквите промоции се одлична можност да се запознаат лично и производителите.

Извор: Канал 5

На оваа тема, коментар даде и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски:
– Имаме преубави домашни производи и токму првиот македонски саем “Вкуси ја традицијата” кој вчера го организиравме тоа го докажа. Преку вакви манифестации произведувачите имаат можност да си ги претстават производите и подобро да се запознаат со потрошувачите.
Вкупно 200 изложувачи ги претстававија своите производи. Оваа бројка е уште една потврда за успешноста на мерките за поддршка на млад земјоделец, рурална жена и малите винарии. Токму затоа ги продолжуваме и во наредната 2023 година, а започнуваме и со нова програма за поддршка на малите семејни производители на храна со грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство и продажба, поддржувајќи го концептот за продажба од праг или фарма, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e