Прв краткометражен филм „Роденденски подарок“ за мултипла склероза (ВИДЕО)

„Роденденски подарок“ е првиот краткометражен филм за мултипла склероза (МС). Во него е отсликана реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат овие лица во општеството.

„Филмот има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста и победата. МС е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица.

Посветено работиме на унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза. Наместо 9, од оваа година 43 пациенти ја примаат иновативната терапија Ocrelizumab. Со примањето на иновативните лекови се контролира прогресијата на болеста.

Честитки за успешно реализираниот проект на Националното здружение за МС и Факултетот за драмски уметности во Скопје“, пишува министерот за здравство, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e