Вчера попладне, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж. Според првичните и неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој, наводно, имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.
Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила. Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.
Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден.