Полицијата го пронајде затвореникот кој денеска успеа да им побегне на полицајците кои го транспортирале на преглед, потврдува МВР.
Пронајден е околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково.
Како што соопштуваат медиумите, тој успеал да побегне од задната врата на возилото со кое полицијата го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“.