-Заедно со Светска банка денеска го промовиравме извештајот „Зелен развој на секторот земјоделство во Република Северна Македонија“, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

-Ваквите извештаи ги одразуваат нашите амбиции за зелен раст, потребите за структурни реформи, мерките за заштита од влијанието на климатските промени, усогласувањето на стандардите за безбедност на храна со европските стандарди, контролираната употреба на пестициди и ѓубрива како и можностите за дигитална трансформација.
И благодарам на Светска Банка за поддршката која ќе придонесе при креирањето на идните политики за зелен развој на секторот земјоделство, порача тој денеска.
