Благој Бочварски е пратеник во Собранието на Република Македонија и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Во јуни 2017 година е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.
На предвремените Парламентарни избори во 2016 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во 2014 година станува претседател на комисија за транспорт и врски на СДСМ. Во наредниот период се посветува во областите на патната и железничката инфраструктура, градежништвото, урбанизмот, транспортот, законските и подзаконските регулативи на ова поле во Република Македонија.
Во 2013 година со 28 години е избран како најмлад член на Извршен Одбор на СДСМ.
Своето политичко активирање го започнува како дел од Социјалдемократската младина на Македонија. Бил избран за член на Централниот одбор на СДММ во 2009 година, а во 2011 година е избран за член на Извршниот одбор на СДММ. Член е на СДСМ од 2002 година.
Основното и средно образование ги завршува во Штип.
Дипломира на Архитектонскиот факултет при универзитетот Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и се стекнува со научната титула Дипломиран инженер архитект.
Од 2011 година работи во градежната компанија Пелагонија Инженеринг Штип како дипломиран инженер архитект. Работи на проектирање и изведба на објекти. Најпрво работи како стручен соработник, а потоа добива овластувања за проектирање и изведба од комората на овластени инженери и архитекти на Република Македонија. Овде работи се до изборот за пратеник во Собранието на Република Македонија во декември 2016 година.
Во јуни 2017 година учествува во акцијата за превентивно делување која ја организира СВР Штип, во која се вклучени припадници на МВР, родители на малолетни деца, образовни работници и пратеници од Собранието на РМ.
Во ноември 2016 година во Штип учествува на дебатата “Твојот глас твое право” организирана од невладината “Kham” Делчево. Учествува на Самитот “Young Political Leaders Forum of China and Central and Eastern European Countries” кој се одржа во Пекинг, Кина во октомври 2015 година. Во 2011 година е дел од регионалниот семинар за млади лидери организиран од “Friedrich Ebert” – Германија, “Course for promising politicians” кој се одржа во Бечичи (Црна Гора), Тирана (Албанија) и Скопје (Македонија). Во 2010 учествува на дебатата “Youth Political Dialogue” во Скопје.
Роден e на 09.01.1985 година во Штип.
Зборува англиски јазик и одлично ги познава програмите Auto Cad и Archi Cad. Има сертификат за користење на програмот 3DS Max.