Шокирачки случај во средно училиште во Центар во Скопје.
– На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи, информираа од полицијата.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
