Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, екс министерот Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Владата, Мартин Протуѓер, на денешното рочиште за случајот „Титаник“, признале вина.
Тие посочиле дека превземаат одговорност од морален аспект, а инаку не се чувствувале за виновни. Признание на вина имаше и од Билјана Бришковска, како и од уште четворица од обвинетите.
Прв вина призна Мартин Протуѓер кој рече:
-Би сакал да изјавам дека по однос на дел од обвинението превземам одговорност од морален аспект како морален чин и доблест и од тој аспект ја прифаќам вината. По однос на другото, не се
чуствувам виновен“.
По него, Кирил Божиновски кажа дека не се чувствува виновен, па додаде: „Ќе докажам дека не сум виновен во постапката“.
-Ја користам приликата да упатам извинување до сите оние кои на било кој начин биле навредени и повредени слушајќи ги т.н бомби. Се надевам дека ова ќе биде поттик во иднина кој би предизвикал промени. За останатиот дел од обвинението, не се чувствувам виновен“, порача Јанакиевски.
Во случајот обвинети се вкупно 21 лице меѓу кои се: поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.
Целиот текст на А1он.