Драган Угриновски, претседател на здружението „МПЗ Тврдокорни“ на протестот во неделата против 5Г, мерките за коронавирусот, вакцините… пред Владата изјави дека корона вирусот е инженеринг и е настанат од 5Г во Вухан.
„Многу институции во светот кажаа дека короната е измислена, дека ова е план а глобалистите да не натераат да бидеме робови, како овци во трло ставени“ – рече Угриновски за „360 степени“.
-Се сомневате во коронавирусот но дистанца сепак држите и маски имате?
„Држиме поради полицијата и поради народот, да ги испочитуваме да не страда никој, да ги заштитиме да не ги казнуваат.“ – вели тој.
-А како ги поврзувате корона , 5г и вакцините?
„Сето тоа е поврзано, еден инженеринг, короната е настаната од 5г во Вухан. Истото овде се прави ноќно време се кријат, екипи од Бугарија се донесени,“ – вели Угриновски.
Речиси сите демонстранти на протестот носеа знамиња, шалови, па и чадори со патриотски симболи.