– Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земат никаков надоместок за месеците април и мај. Ова не е време за екстра надоместоци, потенцираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната пресконференција.
При исплата на платите и надоместоците, заштедите кои ќе се постигнат, задолжително, сите јавни и државни субјекти ќе ги уплатат во така наречен фонд за борба против Корона (Корона фонд) отворен во рамки на Буџетот на Владата од кој доминантно ќе се спроведува солидарноста кон граѓаните и стопанството.