Сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски вчера вечер бил претепан од две непознати лица пред неговиот дом во Битола, пренесуваат медиумите.
Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Информацијата и фотографиите од претепувањето на сопственикот на „Буревесник“ прв ја соопшти Љупчо Палевски на својот фејсбук-профил.