Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе зборува за одлуките на владата од сеноќешната седница со кои значителни, дополнителни финансиски средства се одделуваат за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и за Програмата за рурален развој како директна поддршка за земјоделците.
На прес конференцијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе информира и за други одлуки на владата од интерес на земјоделците, соопштуваат од прес службата на владата.