Премиерот Заев со владината делегација и бизнисмените од Македонија на Бизнис форум со израелски бизнисмени

„Имаме природни ресурси, имаме квалификувана работна сила и Владата е определена да им помогне на претпријатијата да се развиваат. Имаме многу потенцијал, што како држава можеме да им го понудиме на инвеститорите. Соработувајте“. Вака го почна своето обраќање претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, пред бизнисмените од Израел и од Македонија, присутни на Бизнис форумот во Ерусалим.

21318920_1536792116379974_2358197900137138338_o

Владата на Република Македонија ја иницираше оваа соработка во Израел поради испиративниот економски раст на оваа држава, којашто е помала од Македонија по територија, има неколку пати пати повеќе жители од нашата држава, но е меѓу првите во светот по бројот на старт ап компании, една од планираните мерки на Владата во Програмата, а бележи и напредок во иновациите и науката на светско ниво.

-Работиме на интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, коишто значат стабилност,но и можности за инвестиции и економски развој. Наша зацртана цел е квалитетен живот за граѓаните во Македонија, рече премиерот Заев.

21272932_1536792263046626_3360251514561543963_o

Претседателот на Владата, Заев, посочи дека новата Влада е ориентирана кон поддршка на домашните претпријатија и создавање услови за реални странски инвестиции, како и за развој на други области, како што се земјоделството, енергетиката, туризмот…

-Имаме поволни даноци, позитивна клима за живеење, имаме добра соработка со Израел, отворни сме да примениме искуства од Израел, ве поканувам да ја посетите Македонија, им се обрати премиерот Заев на израелските бизнисмени.

21273536_1536792463046606_5684351092490968013_o

Тој ги повика претставниците од бизнис заедниците на двете држави да го искористат заедничкото присуство на Бизнис формумот за да се запознаат подобро и да направат чекори напред во соработката.
На Бизнис форумот се обратија и заменик претседателот на Владата за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, а на средбата е присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

zaev-vlada-izrael-3

-Стимулираме соработка меѓу домашните и странските компании, рече заменик претседателот за економски прашања, Анѓушев, кој додаде дека целта на Владата е да го зголеми домашното производство и на тој начин да придонесе кон раст на економијата. Тој посочи и на потребите на Република Македонија за работа на домашните енергетски компании.

-Имаме природни богатства како што се трите природни езера, Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Македонија е богата и со минерални ресурси и термо води. Сето ова овозможува меѓусебна соработка во областа на туризмот, рече министерот за економија Бектеши. Тој додаде дека директен лет на релација Македонија – Израел, може дополнително да ја стимулира бизнис соработката меѓу двете држави.

21083777_10155810799302932_3899775686297930257_o

На Бизнис форумот присуствуваат претставници на израелската бизнис заедница од областа на дигиталната технологија и компјутрскиот бизнис, земјоделството, туризмот, претставници на фирми – бизнис инкубатори, од телекомуникациите кои изразија интерес за условите за инвестирање во соодветните области.

Пред почетокот на Бизнис формумот, владината делегација предводена од премиерот Заев посети позната фирма, бизнис инкубатор, станува збор за фирмата АtoBiAzrieli College of Engineering Accelerator, како и две светски компании од Израел, Mobilеy и Orcam, коишто почнале како страт ап компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e