Нацрт – договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија утре на затворена седница ќе биде претставен пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од Собранието.
За ваква седница денеска било испратено барање од Владата на Република Македонија. На седницата се очекува да присуствува и премиерот Зоран Заев.
Договорот треба да биде потпишан на 2 август а кога јавноста ќе го дознае не се знае. Со оглед на тоа како кај нас протекуваат информации можеби и уште утре јавноста ќе ги има деталите.