Премиерот Зоран Заев и дел од неговите соработници ги бодреа нашите ракометари во вечерашната победа над репрезентацијата на Чешка и обезбедувањето на сигурен пласман на Европското првенство.
“Честитки до ракометните репрезентативци за вечерашната победа и пласман на Европското првенство во Хрватска! Сите со нетрпение го очекуваме Европското првенство и нови и уште поголеми подвизи на нашите ракометари кои одново докажаа дека припаѓаат на ракометниот врв на Европа. ” – стои во честитката од Заев.