На 11.08.2017 година околу 17,20 часот на Граничен премин „Деве Баир“ на излез од Р. Македонија се пријавил С.Ф.(43) од Р.Албанија, со албанска патна исправа. При пасошка контрола утврдено е дека истата е фалсификувана односно на една од страните извршено е налепување на страна од друга патна исправа. Истиот е лишен од слобода и во 19,40 часот со потврда за предавање на лице заедно со патната исправа е предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка, информираат од МВР.