ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ Ова се постигнатите резултати во лозарството и винарството

Во неделата, на Св.Трифун да потсетиме со факти на постигнатите резултати овие години во лозарството и винарството:
✅Станавме прва земја во регионот по извоз на вино,
✅во светот се искачивме на 13 место по извоз,
✅во само две години за 40% ја зголемивме откупната цена на грозјето,
✅за прв пат како држава донесовме 10 годишна национална стратегија за развој на секторот усогласена од сите чинители,
✅извозот на македонско вино достигна близу 60 милиони евра,
✅расте извозот на флаширано вино,
✅Владата усвои нов европски закон за виното,
✅ на 100 % ја зголемивме мерката за зелена нафта за лозарите во износ од 9.600 денари по хектар,
✅рекордна поддршка за промоција на нашите вина на сите саеми во светот,
✅рекордна искористеност на ИПАРД програмата за модернизација и нова опрема и нови насади,
✅со измени во законот за вино за само 3 години бројот на регистрирани винарии порасна од 71 на 255,
✅145 нови мали семејни винарии добија грант за набавка на опрема од 10.000 евра од новата програма за мали производители на вино,
✅воведовме нова субвенција од 60.000 денари по хектар за квалитетно грозје за производство на премиум вино,
✅ воведовме за прв пат нова субвенција од 5.000 денари по хектар за нашата автохтона сорта Станушина,
✅воведовме нов модел за брза, предвремена и авансна исплата на субвенциите,
✅воведовме интервентна програма за поддршка со интервентни мерки за откупено и преработено грозје и вино.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e