Државната изборна комисија – ДИК го заклучи избирачкиот список. На претседателските избори, право на глас ќе имаат 1,808,131 избирачи.
Кандидатот што ќе добие мнозинство гласови од избирачите што гласале, а гласале повеќе од 40% од избирачите, ќе стане новиот Претседател на Република Северна Македонија.
Тројцата кандидати за претседател на државата – Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден го ставија својот потпис на кодексот за фер и демократски избори, а потоа положија заклетва дека ќе се придржуваат до она што го пишува во документот.
Кандидатите за претседател на државата ветија дека ќе водат чесна и праведна кампања, која ќе се базира на аргументи.
Изборната претседателска кампања почнува денескa и ќе трае до 19 април.
Првиот круг од шесттите претседателски избори во Македонија треба да се одржи на 21 април, а вториот на 5-ти мај.