ПРАВИМЕ СЕ` ДА ГО СТАБИЛИЗИРАМЕ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА, интервју на Николовски за “Капитал”

Дел од интервјуто на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за Капитал.

Светот денес веројатно се соочува со најголемата криза по Втората светска војна, покрај енергетската криза многу позначајна е кризата за храна. Министре, што може да очекуваат граѓаните, ќе има ли зимава доволни количини на храна?

Војната во Украина сите држави ги исправи пред голем предизвик, за тоа како да го заштитат и одржат домашното производство на храна и како да обезбедат доволни количини на храна за сите граѓани. Вакви глобални кризи бараат и глобален одговор. Токму ова беше и главното прашање на министерската конференција во Берлин каде учествуваа министри за земјоделство од целиот свет, но и на Г7 самитот. Анализите направени и од ФАО, велат дека светот може да заборави на евтината храна, а некој проценки одат до таму дека пикот на оваа криза за храна можеме да го почувствуваме за две години.

Сега е потребно здружување и јакнење на соработката помеѓу државите, бидејќи само заедно обединети можеме полесно да ја пребродиме кризата. Во таа насока беа потпишани и ревидираните протоколи на Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, преку кои овозможуваме македонските земјоделски производи слободно и без царина да се извезуваат во Украина. Исто така пред неколку денови потпишавме Меморандум за разбирање, односно соработка во земјоделието со Владата на Хашемитското Кралство Јордан, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји. Потпишувајќи го овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан. Во Рим пак потпишавме нова петгодишна Програмска рамка со ФАО за соработка со која постигнуваме две стратешки цели, а тоа се одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управување со климатските активности. Иницијативата Отворен Балкан исто така е можност повеќе во оваа криза, преку потпишаните договори сите три држави членки овозможија слободна размена на стоки и услуги, односно она што нам како држава ни е потребно да можеме слободно да го земеме од Србија и Албанија и обратно она што ним им е потребно, а го имаме ние како држава да го насочиме кон Србија и Албанија.

314462263_667486108078562_7792463027711281743_n (1)

Покрај оваа соработка, како држава уште повеќе ја засилуваме поддршката кон земјоделскиот сектор, а тоа се потврдува и со последниот ребаланс на буџетот за оваа година, каде се скрати од сите други министерства и парите беа насочени кон земјоделството. Над 3 милијарди денари се ставија на располагање за земјоделците, преку интервентните мерки за поддршка, но и за расчистување на заостанатите обврски кои ги имаше државата кон земјоделците.

Преку навремените мерки кои ги презедовме уште пред почетокот на кризата, но и со новиот модел кој го предлагаме за субвенционирање, правиме се да го стабилизираме домашното производство на храна, да обезбедиме поголем принос и да обезбедиме доволни количини на домашна храна. Ни претстои тежок период, но ние навремено презедовме мерки, истовремено ја следиме секој ден состојбата и заедно со земјоделците креираме мерки за поддршка. Граѓаните можат да бидат спокојни, храна ќе има. Леб, млеко, зејтин, брашно и сите основни производи ќе ги има. Токму во таа насока, Владата преку министерството за економија, преку конкретни мерки дава поддршка на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи, во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца, да имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар. Во овој период потребно ни е заедништво, без лажни вести и креирање на паника кај граѓаните, без политика и обиди за собирање на политички поени, треба да сме заедно бидејќи оваа криза не распознава партиска или било каква друга припадност и само сплотени, можеме да ја надминеме со помала штета.

Целото интервју на министерот Николовски за Капитал, прочитајте го на линкот ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e