Прашања од земјоделците за Цветан Трипуновски…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, синоќа пред дебатната емисија на 24 Вести, со дополнителниот заменик министер, Цветан Трипуновски, напиша статус ” Што да го прашам Цветан?”.

Многу земјоделци поставија прашања од кои ќе ги издвоиме најинтересните 21 прашање:

1. Како директор на земјоделскиот инспекторат, колку узурпирано земјиште од членови на ВМРО ДПМНЕ беа проверени по укажувања?

2. Колку плацови купи по едно евро за метар квадратен во општина Петровец?

3. Што мисли дека ќе постигне со притисоците и уцените во велешките села со лажното претставување дека следната година ВМРО ќе ги делело субвенциите?

4. Со кое лице зборува за право и правдина кога против него има кривична пријава за злоупотреба на службена должност?

5. Колку милиони евра од ИПАРД фондовите пропаднаа заради неговата неспособност?

6. Дали ја знае разликата помеѓу ДДВ и ПДД?

7. Зошто извисија 130 фамилии од општина Градско за мразот во 2016 година со тоа што свесно го пробија рокот за поднесување на елаборатот, а сега вината ја префрлаат на актуелната власт?

8. Колку хектари земјиште доделија на нивни партиски активисти за да зимаат субвенции?

9. Какво образование има неговиот советник од Чешиново-Облешево?

10. Дали разликува пченица од јачмен?

11. Знае ли Мицкоски дека Цветан оди неспремен на дебати?

12. Како успеаа да заглават 3000 земјоделци со неиплатеното грозје од Повардарие и Стефани9 за 2014, 2015 и 2016 година?

13. Дали научи Цветан кои се барањата на земјоделците?

14. По колку трактори земаа и колку државно земјиште узурпираат неговите про боно советници?

15. Дали знае колкави беа катанците и синџирите на сите врати и шкафови во МЗШВ кога Љупчо Николовски дојде како дополнителен заменски министер?

16. Дали постапува по наредби од Будимпешта?

17. Колку тони јачмен „има снемано“ во негово време?

18. Колку пари испра со „Апашот“ во Демир Капија и со што го држеше началникот на полицијата за да не ги „чепка“ камионите со дрва на дрвокрадците?

19. Зошто кога беше директор пушташе инспектори по фирмите откупувачи да диктира од кого ќе се откупува по однапред утврдена цена и зошто ги држеше камионите за извоз кои не беа договорени од него?

20. Знае ли колку фамилии оцрни со најстроги казни кај оние фирми кои не беа под негова контрола?

21. Знае ли што значи кратенката ИПАРД?

Министерот Димковски, во текот на емисијата успеа да му постави 3 од овие прашања на земјоделците: – Што значи кратенката ИПАРД? – Кога се садат јагодите? – Колку плацови по 1 метар квадратен, си купил во општина Петровец? На кои дополнителниот заменик министер Цветан не знаеше или на некое од нив не сакаше да одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e