Велимир Смилевски за Бутел, Томче Христоски за Крушево, Перо Костадинов за Валандово и Жаклина Јовановска за општина Старо Нагоричане.
Ова се првите официјални кандидати за градоначалници на локалните избори, од владејачката СДСМ.
Инаку, на вчерашната седница, Централниот Одбор на СДСМ го избра Миле Зечевиќ за Шеф на Изборниот штаб, кој беше реизбран и како Организационен секретар на партијата.
Дејан Павлески, членовите на ЦО го избраа за претседател на Комисијата за изработка на програмата за локалните избори.