Поранешниот министер Џељал Бајрами ќе седи на фотелјата на доскорашниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски, но привремено, поточно се до изборот на вршител на функцијата, пренесува Фокус.
Советот на јавни обвинители идната недела ќе закаже седница на која ќе го определи вршителот на функцијата јавен обвинител на Република Македонија, бидејќи прво ќе почекаат вчерашната одлука на Собранието за разрешувањето да излезе во Службен весник, по што ќе закажат седница.
До именувањето од страна на советот Зврлевски ќе го менува Лилјана Спасовска која има функција на заменик јавен обвинител кој го заменува главниот обвинител во случај на негова спреченост.