Познат напаѓачот кој ја нападна екипата на Нова ТВ

МВР истакнува дека е утврден идентитетот на човекот кој вчера пред трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром ја нападна екипата на Нова ТВ.

МВР информира дека станува збор за А.Б. (38) од Скопје кој најпрво го нападнал едниот новинар (со насилно однесување, туркање на телефонот со кој снимал и со влечење и виткање на раката) а потоа и другиот новинар, односно снимател (со удар во камерата со која снимал), додека тие покривале настан на граѓанската иницијатива за собирање на потписи против изградба на бегалски кампови.

„Министерството за внатрешни работи е одлучнo во намерата да ја прекине претходната практика на неказнето напаѓање и попречување на новинари во извршување на нивните работни задачи. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, а во врска со основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e