Чаирчанецот Блерим Дачи е македонскиот државјанин кој вчера беше изрешетан во Приштина, јавуваат косовските медиуми.
Тој, според неофицијални информации, користел лажни документи на име Блерим Шабани.
Возилото од кое било пукано со автоматско оружје е пронајдено запалено. Во него пронајдени биле и две пушти калашникот.
Косовските медиуми пишуваат дека Дачи на полицијата во Косово ѝ бил познат по трговија со дрга, но и обвинет за нелегално држење на оружје.
Портпаролката на косовското Министерство за внатрешни работи за регионот на Приштина, Флора Ахмети, ја потврди информацијата и соопшти дека имало вооружен инцидент во кој мета бил автомобилот од Македонија.
Инцидентот се случи околу 20:00 часот.
