Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат, соопштија од министерството.
-Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено. Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста- стои во соопштението на министерството.