Повторно сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка

На 04.09.2017 година во 11.40 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т. од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К. од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К., сопатничка во ПМВ „Голф“, која по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Куманово била задржана на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e