Повреден пожарникар во Шутка, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила кои горат во отпад за железо

Еден пожарникар утрово е повреден при гаснењето на пожарот во Шутка од кој се креваат облаци густ црн чад. Министерството за внатрешни работи извести дека пожарникарот е пренесен в болница, а гасењето на пожарот продолжува.

„Денеска во 09.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.За време на интервенцијата еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита е повреден и пренесен за укажување лекарска помош“, велат од МВР за „Макфакс“.

Откапдот за старо железо, каде што избувнал пожарот, е регистриран на фирмата АСД „Метал груп“.

Жители од околните населби утрово јавија дека освен што гледаат густ чад, се слуша и пукање од местото каде што гори.

Во гаснењето на пожарот во Шутка, покрај Бригадата за противпожарна заштита, на барање од градоначалникот на Шуто оризари, се вклучи и ер тракторот на Дирекцијата за зашт

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e