Повеќе од двојно е разликата во рејтингот помеѓу Заев и Мицкоски

Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните., покажуваат резултатите од најновата анкета на “Брима”.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

Повеќе од двојно е разликата во рејтингот помеѓу Заев и Мицкоски.

АнкетаБрима-4

“Тоа е потврда дека граѓаните знаат дека со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев се можни напредокот, развојот и интеграцијата. Тоа е потврда дека граѓаните не му веруваат на Мицкоски кој освен деструкција, блокади и лажни вести не може да понуди ништо друго.” – велат од владејачката партија.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e