Повеќе од 70 мали производители на првиот Фестивал на храната во Крива Паланка

Манифестација поддржана од стана министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој како една од националните манифестации низ државава, за промоција на македонската храна и пијалоци произведени од малите производители на храна вчера се одржа во Крива Паланка.

369704177_837152887778549_3314622424292670163_n

Учество на овој фестивал на храната земаа 70 изложувачи, мали производители на храна и вино од целата држава, дел од социо-економските партнери на министерството, Слоу Фуд, Федерација на фармери и Асоцијација на земјоделци, презентираат своите брендови.

– Истокот се развива се повеќе и тоа со брзи чекори. Градот под Осоговските Планини, Градот во долината на Крива Река, Градот на симитот, Градот на светиот Јоаким Осоговски, мојот град, од денеска добива уште една причина повеќе да биде туристичка дестинација за странски и домашни туристи. За прв пат имаме можност да уживаме во „Фестивал на храната“, како една од националните манифестации низ државава, поддржани од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, порача министерот Љупчо Николовски.
369727115_837152824445222_5752571200925557232_n

Посетителите имаа можност да уживаат во штандови преполни со највкусната домашна македонска храна и вино. Домашен ајвар, малиџано, разни слатка, намази, маџун, масла, сирења, кашкавали и разни други производи, но и да го пробаат познатиот Паланечки симит и Паланечки зелник.

369701144_837152944445210_8107501661553840757_n

Изобилство на најшарените тегли наполнети со домашни производи, одгледани под ова наше небо, со зраците на нашето сонце, од рацете на овој наш вреден народ и од тефтерите со рецепти од нашите баби.

369687110_837153027778535_2471117697387725041_n

Како министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, една од нашите пoставени цели е поддршка и развој на малите производители на храна и пијалоци. Во таа насока, од оваа година, за прв пат креиравме посебна програма за финасиска поддршка на малите прозиводители на храна, преку грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство, соопшти МЗШВ.

369682955_837152967778541_1626353126959979811_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e