остигната е база за компромис околу договорот за пријателство со Бугарија, брифираат од Министерството за надворешни работи за Либертас.
Следниот чекор е информирање на владите во двете земји и други потребни внатрешни консултации.
Ова доаѓа по средбите на работните групи и меѓу шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева викендов во Софија.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во писмен одговор на претседателката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова во однос на договорот за добрососедство со Македонија вели дека во интерес на Бугарија е Република Македонија да биде стабилна, единствена, независна држава со јасна евроатлантска перспектива, која поминува низ зближувањето на двете земји и откажувањето од антибугарската реторика, која се случуваше последните неколку децении.
-На наша иницијатива, ситуацијата со текот на преговорите за предлог – договорот, како и самиот предлог – договор беше претставен и детално објаснет на седница на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на 5 јули, 2017 година поради финализирање на конечниот текст на договорот – вели Борисов.
Како што пишува во писмото, преговорите со Македонија за склучување на договорот за добрососедство се водат интензивно од 2008 година и оти до овој момент се реализирани 11 круга на преговори на експертско ниво, а договорот повеќе пати бил разгледуван и на ниво на министри за надворешни работи, односно премиери.
Борисов вели дека целта на договорот освен реафирмација на Заедничката декларација потпишана во 1999 година од Владата на Иван Костов, е двете земји да ги унапредат своите односи и да го потврдат својот политички ангажман во меѓународноправен документ.
Извор: Либертас