Кога ќе се растресат западните цивилизации, во периферните земји се јавува рано претскажување во кој правец ќе се движи глобалната криза. Тие сличности не настануваат затоа што периферијата предничи и создава нови светски трендови, туку затоа што таа прва се шљокосува штом кризата ќе завладее со развиениот свет! Многу убава и точна забелешка на Весна Пешиќ во Њу Јорк Ривју оф Букс.
Ние сме една од тие вукојебини кои беа одбрани да покажат во кој правец и со какви содржини и последици ќе се движи светот кога ќе реши да тргне у курац. Ние сме првата шљокосана шљока, нула, крава која успеа да се испосере самата себе и да остана на патот како обична лепешка.
Не сум сигурен дека сега од лепешката можеме да направиме крава, но нашата мисија е да се обидеме додека лепешката е цела.
Пред да почне да дува. Некои работи ни одат во прилог. На филозофско ниво тоа е евентуалноста дека во историските циклуси може да се случи (не мора) прво да стане тоа што прво паднало. Можеби повторно како претскажување во кој правец ќе се движи светот, овој пат не низ глобалната криза туку низ светското оздравување!
Има не само логика во овој став туку и политичките позиционирања зборуваат во таа насока. Ние не ги знаеме деталите од разговорите на Хан со домаќините во Македонија, но го знаеме антигруевистичкиот и антивмровистички контекст кој се формира во Европа и во светот како реакција на неколку важни работи: путинистичката експанзија, меѓу другото и преку мекиот балкански стомак на Европа, трампистичкиот шок од естрада, некомпетенција и реална моќ да се растури светот како играчка од лего коцки, форматирањето на цела една интернационала од популисти, националисти, хохштаплери и будали со реална моќ и претензии во националните, регионалните и светски политики и, конечно, свеста за кризата на Европската унија и на европските политики и нивната одговорност за драматичниот развој на настаните.
Посетата на Хан непосредно ја контекстираа изјавата на Туск дека ситуацијата на Балканот не е добра и дека мора да се реши. Со острите критики на ситуацијата во Македонија и на однесувањето на режимските фактори, истапија повеќе бивши и сегашни амбасадори, политичари, новинари, цели редакции, таа ситуација во Македонија и пошироко на Балканот е оценета како слаба точка од која може да почне реалното распаѓање на Европската унија под ударите на путиновите аспирации и растурените вредносни системи и институции.
Од Прибе наваму Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се третираат како партнери туку како зло, како сериозен проблем од кој мора да се ослободи и Македонија и Европа, како периферен тумор во европскиот организам. Техниките на тоа ослободување, безбедносните проценки и другите елементи, можеби и обидите да се амортизира неминовниот пад на Груевски, ги забавуваат работите и понекогаш предизвикуваат разочарувања, но нема никакви дилеми дека е во тек разградување на монструозниот режим. Груевски е оставен како играч на слот машина кој секој миг тура од украдените пари во малиот процеп, но четири седмици нема да му се појават до последниот денар.
Целата колумна на Бранко Тричовски за Плус Инфо прочитајте ја тука