Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година и испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Електронското пријавување ќе се врши до полноќ, а доставувањето на потребната документација до училиштата е утре. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави в сабота, најдоцна до пладне.
Во јунскиот рок имаше две пријавувања, на 14-ти и на 30-ти. Речиси двојно повеќе ученици се запишани во средно стручно образование.