Поскапувања – Растат цените и инфлацијата во Македонија

Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти.

НАЈ забележливо е тоа што им е најпотребно на граѓаните , а тоа е зголемувањето на порастот на трошоците на животот во групите:

Транспорт за 1.7 %,

Рекреација и култура за 0.9 %,

Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %,

Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %,

Кај комуналиите растот е незабележлив, иако за тој пакет најмногу промени и поскапувања се очекува да придонесе изедналувањето на тарифникот на ЕВН за укинување на категориите и групите за плаќање, каде најголем губитник ќе бидат оние за најниски сметки, а најголема добивка ќе имаат најголемите потрошувачи со бизнисите.

Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e