Поскапуваат цигарите

Ново поскапување на цигарите. Цената на некои од брендовите се зголеми дури за 10%. Ова пролетно поскапување е во рамките на планираната законска динамика за зголемување на цените на овој акцизен производ. Имено, законската регулатива предвидува раст на цената на цигарите секоја година, најмалку за 4 денари и овој цикулс треба да трае до 2023 година.

Во продавниците во земјава дел од брендовите веќе се продаваат по повисоки цени. Според информации од терен, дел од пратките со нови цени биле испорачани пред неколку денови а цените во малопродажниот систем се корегирани веднаш потоа, па така веќе од вчера се продаваат по нови цени.

“Да, имаме нови цени за цигарите. Пред еден ден ги внесовме во систем и веќе се продаваат по повисоки цени, корекцијата  е засега е само кај одредени видови на цигари“ – вели вработена во еден од скопските трговски маркети.

Целиот текст на порталот Фактор можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e