Поради злоупотреби при распишан тендер од 34 мил.евра, Владата му наложи на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за јавна набавка

Со оглед дека постојат сомневања и за злоупотреби при распишаниот тендер од страна на ЕЛЕМ од 34 милиони евра, за набавка на опрема за ископ на јаловина, Владата одлучи да му наложи на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка и за тоа да биде известена.

Владата на Република Македонија го поддржува обезбедувањето сопствена механизација на ЕЛЕМ, наместо долгогодишните користења механизации од надворешни фирми, за што се трошени огромни суми пари на граѓаните, но за конкретниот случај има сериозни индиции за тендерски пропусти и фаворизирања фирми поради што се презема овој чекор, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e