Поради смртен случај на поротничка одложено рочиштето за „Монструм“

Рочиштето за „Монструм“ денеска беше одложено поради смртен случај во семејството на еден од поротниците во случајот, со што рочиштето се одложи за 27 ноември.

На денешното рочиште требаше да продолжи изведувањето на СМС пораки и транскрипти од прислушувани разговори, а поврзани со петкратното убиство што се случи кај СмилковскоЕзеро.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e