Поради болеста син јазик, Македонија забрани увоз на животни, јајца и семе од Црна Гора и Словенија

Со одлука на влада која е објавена во Службен весник и стапува на сила утре, се забранува увоз на животни, јајца и семе од Црна Гора и Словенија поради болеста син јазик.

Две животни заболени од син јазик се откриени од страна на словенечката управа за храна и ветеринарство а во Црна Гора состојбата е многу полоша.

Болеста син јазик е вирусно заболување кое ги напаѓа преживарите (овци, кози и говеда), а се пренесува преку инсекти Culicoides, кои се заразуваат со вирусот кога цицаат крв од инфицирани животни.

Не се пренесува од животно на животно и не постои ризик по здравјето на луѓето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e