СО ПОМОШ НА ЕУ ГО МОДЕРНИЗИРАМЕ ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Повеќе средства од ИПАРД значат поголема мотивација и поддршка за македонскиот земјоделец

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски имаше свое обраќање на економскиот и финансиски форум споделувајќи ги гледиштата на оваа тема од аспект на ресорот кој го води.
nikolovski_forum1
-Со подршка на сите земји членки на Европската Унија го модернизираме и развиваме македонското земјоделство. За да имаме повеќе и поквалитетна домашна храна и почитувани земјоделци чија мака и труд се вреднува. Дополнително со поддршка на Унијата градиме нови водоснабдителни системи и ги заштитуваме и развиваме македонските шуми, посочи Николовски.
Тој потенцира дека Македонската иднина е европска и никако поинаку, за подобар животен стандард на граѓаните, за подобри можности за младите, за поголема модернизација на земјоделството.
376742043_845870873573417_5531249474028965696_n
-Забрзувањето на европските процеси денеска за нашата економија и за нашиот народ ќе значат 11 пати поголема помош од фондовите по глава на жител утре. Повеќе средства од ИПАРД фондовите значат поголема мотивација, поголема поддршка за македонскиот земјоделец. Крајна цел е нашите земјоделци нашата економија да доживее напредок, и уште поголем развој преку остварување на полноправното членство во Европската Унија, заклучи министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e