Полицискиот час не го почитувале 66 лица, 45 приведени

Во изминатото деноноќие 66 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР, исто така, информираат дека полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за само изолација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e