Сега кога антикорупциска комисија, по барање на ВМРО – ДПМНЕ, донесе одлука дека разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, до денот на завршување на изборите би била незаконска, виси самото разрешување на Зврлевски.
Од ВМРО -ДПМНЕ предходно се откажаа од понатамошните дебати од причина што не сакале како што велат да учевствуваат повеќе во незаконско разрешување и со тоа го отвараат патот на парламентарното мнозинство многу лесно да ја оствари зацртаната цел, смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Вчера потпретседателот на СДСМ и пратеник, Фросина Ременски изјави дека очекуваат до крајот на оваа недела Зврлевски да биде разрешен.
Денеска пак претседателот на собранието Талат Џафери изјави дека антикорупскиска комисија дала нелегално мислење бидејки тој како претседател такво нешто не побарал.
-Јас немам намера како претседател на Собранието да се обраќам на каков било друг орган кој ќе кажува како јас треба да работам, кога тоа јасно го кажува Деловникот и Уставот. Антикорупциска е дел од извршната власт и таа неможе да дава препораки на законодавната власт. Ако имате дилема, може да побарате автентично толкување на законот – истакна Џафери за време на седниците.
Џафери денеска ја прекина седницата, но не се изјасни што ќе се случува понатаму и најави дека нејзиното продолжение ќе го закаже дополнително.