Подгответе се: За Велигден 4 неработни денови, ќе има уште еден продолжен викенд

Велигден годинава е на 16 април, па така како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд.

Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник.

Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам – се паѓа во петок што значи дека ќе имаме убав полетен продолжен викенд.

Во мај уште на почетокот на месецот имаме продолжен викенд. 1 Мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот ќе имаме добра можност да испланираме некое патување.

Во јуни граѓаните од православна вероисповед имаат еден неработен ден а тоа е 2 јуни, кога се одбележува Духовден. Неработниот ден е во петок, што значи дека ќе има можност за уште еден продолжен викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e